Липковско Езеро
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Липковското Езеро представува значајна хидромелиоративна акумулација. Браната на ова езеро е одалечена од селото Липково 2 km, а од Куманово 12 km. Акумулацијата се наоѓа на надморска височина од 478 метри, во долината на Липковска Река, десна притока на реката Пчиња. Должината на акумулацијата изнесува 1480 метри, а широчината 120 метри. Акумулацијата Глажња се наоѓа на 5 km возводно од браната липково. Овие две акумулации представуваат систем кој овозможува рекреативности содржани со капење, сончање и риболов.