Маракеш
Од Википедија, слободна енциклопедија
Маракеш (مراكش marrākiš; на берберски: Муракуш), познат како "Бисерот на југот", е град во југозападен Мароко, на падините на Атласките Планини. Маракеш / Муракуш е берберски збор кој значи "Земјата на Господ". Маракеш е главен град на регионот Маракеш-Тенсифт-Ел Хауц. Овој град го има и најголемиот традиционален маркет во Мароко (соук), а тука се наоѓа и најзафатениот плоштад во цела Африка, наречен Џема ел Фна.
Како и многу други северноафрикански градови, Маракеш има две главни области: стариот град (медина) и модерниот град.
Маракеш има свој аеродром, наречен Меѓународен аеродром Менара.
Официјалниот број на жители е еден милион; но, населението е проценето на околу два милиона. Најголемиот дел од населението на Маракеш е од берберско потекло.
Маракеш е основан во 1062 година, од страна на Јусуф ибн Ташфин. Овој град бил и главен град на Мароко за време на владеењето на Мулај Исмаил. По него, неговиот внук го пренел главниот град од Маракеш во Мекнес.
[уреди] Надворешни врски
- Портал за Маракеш на ЛексикОриент
- Гугл мапи
- Маракеш во магичниот Мароко
- I love Marrakesh Сајт со слики и историјата на Маракеш
- Marrakech.net Официјалниот градски водич за Маракеш
- Фотографии од Маракеш