Мастурбација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мастурбацијата претставува самозадоволување. Таа е својствена за секое сексуално човечко битие. Мастурбацијата практично е стимулирање на половиот орган со цел да се доживее оргазам.
Мастурбацијата се јавува како последица на лачење на одредени хормони, но и како потреба за „ослободување“, или едноставно како „задоволство“. Кај машките мастурбацијата е всушност стимулација на пенисот, држејќи го со едната или понекогаш двете раце, со ритмички движења горе-долу се стимулира сексуален однос. Кај женските пак, мастурбацијата се состои во стимулирање на клиторисот, најчесто со ритмички елиптични движења.