Мајмуни Прилеп
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Со гостувањето на фудбалскиот натпреварот Борец-Победа во Велес на 12 Ноември 1987 г. започнува дејствувањето на Прилепските навивачи кои тогаш го носат името “Маркови Внуци” и за брзо време стануваат заштитен знак на секој натпревар на Победа.На почетокот беа направени неколку транспаренти,меѓу првите во Македонија користеја пиротехника а беа сместени на почетокот од јужната трибина на стадионот “Гоце Делчев”.Со осамостојувањето на Македонија нивниот број рапидно се зголемува и се повеќе се угледуваат на странските тифози пред се од Италија.Во периодот од 1994/1995 г. за првпат се направени плетени шалови со натпис што во Македонија беше реткост. Гостувањата исто така не им беа непозната страна па освен гостувања во нашата држава успеаја да појдат во повеќе градови во поранешната СФРЈ.Во сезоната 1997/1998 г. доаѓа до смена на генерациите кога беше променето и името во “Мајмуни”.”Маркови Внуци” официјално се повлекоја и го отстапија местото на помладите но тоа не значи дека тие и престанаа да навиваат.Тие и денеска доаѓаат на натпреварите и најчесто се сместени во средината на јужната трибина, имаат свои транспаренти и маици,а во соработка со “Мајмуни” доаѓаат и на голем број на гостувања.Во тој период доаѓа и до формирање на доста популарната подгрупа “Гето” која го форсира италијанскиот стил на навивање. ”Мајмуни” сега се сместени на крајниот дел од јужната трибина каде што имаат направено т.н. кафез.Од 1997 год. направија нови транспаренти,неколку вида на шалови,маици,дуксерки,капи и друг разновиден рекламен материјал.Иако наидуваа на сопки од локалната самоуправа успеаја да отворат своја канцеларија во месната заедница Вишне.Со настапите на Ф.К.Победа и Р.К.Тутунски Комбинат на меѓународна сцена доаѓаат и гостувањата надвор од нашата земја во Романија,Хрватска,Србија и Црна Гора,Словачка,Италија, Полска,Словенија итн.Денеска важат за најдобра фудбалска тифо група и воопшто една од најдобрите навивачки групи во Македонија.