Метрополска линија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Метрополска | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Боја на карта | Виолетова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Отворена | 1863 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тип на линија | Подповршинска | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Класа на возови | метро-возила А | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Опслужувани станици | 34 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Должина (km) | 66.7 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Должина (mi) | 41.5 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Депоа | Низден Вембли Парк |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извозено | 53,697,000 (годишно) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Железнички линии на Транспорт за Лондон |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Метрополската линија (англ. Metropolitan Line) е дел од лондонското метро, по боја виолетова на метро-картата. Ова била првата подземна железница во светот, пуштена во употреба на 10 јануари, 1863 (но делови од првобитната линија веќе не спаѓаат во Метрополската, туку во Хамерсмит & Сити, Дистрикт и Кружната линија). Главната линија оди од Алдгејт во Лондон Сити до Амершам, со ограноци до Аксбирџ, Ватфорд и Чешам. Во цвојот првичен дел линијата оди воглавно под земја; по Бејкер Стрит, кај Финчли Роуд таа продолжува на отворено.
Четворошинската расположба на дел од линијата — помеѓу Вембли Парк и Мур Парк — дава можност за експресен сообраќај до периферни населби. Бејкер Стрит е последна станица за многу возови, но други го завршуваат патот во Сити и до Алдгејт.
Содржина |
[уреди] Историја
- Главна статија: Метрополска и Метрополска Реонска Железница
Почетоците на Метрополската линија лежат во воспоставувањто на Северната Метрополска Желеница (North Metropolitan Railway) во 1853, првичното име на Метрополската Железница, овластена со Метрополската реонска Железница да сочинат Внатрешен круг на железници во Лондон. Првиот дел одел од Падингтон до Фарингдон Стрит (денес Фарингдонска станица) во јануари 1863; работата на железницата започнала од февруари 1860 со тунилерање по метод на прокопување и покривање. Ова создало огромен сообраќаен метеж во Лондон: за време на работата локалната канализација пукнала, поплавувајќи го тунелот.
Друга голема промена се случила во 1988, кога Хамерсмит & Сити и Источнолондонската линија — кои веќе биле добро дефинирани со своите засебности — биле одделени од Метрополската линија за засебен сообраќај. Сега Метрополската линија се состои од нејзиното северен дел од Бејкер Стрит, натаму. Метрополската и Источнолондонската линија користат едни исти возови и се физички поврзани, но немаат размена на патници.
Во 1998, Метрополската линија била делумно приватизирана во конроверзно јавно-приватно партнерство. Денес е дел од групацијата „Sub-Surface Railways“, управувана од Метронет конзорциумот заедно со Кружната, Хамерсмит & Сити и Дистрикт линиите.
Метрополската линија изврпила огромно влијание на подземните железници ширум светот. Париското метро по својот полн назив Chemin de fer métropolitain е именувано по Метрополската линија. Ова е воедно и потеклото на самиот збор метро.
[уреди] Возови
Моменталните шински возила во употреба на Метрополската линија се метро-возила А изработени од Крејвенс во Шефилд, кои оваа линија ги дели со Источнолондонската линија. Сообраќајот на Метрполската линија обично се одвива во единици од четири вагона во парови, правејќи вкупно осум вагони, но Чешамскиот шатл и Источнолондонската линија ги опслужуваат возови од четири вагона.
Метро-возилата А биле направени во 1960-тите и сега се најстарите возови на лондонското метро.
[уреди] Карта
[уреди] Станици
од исток кон запад
[уреди] Заеднички на Кружната и Хамерсмит & Сити линиите
- Последна: Алдгејт
- Ливерпул Стрит
- Мургејт
- Барбикан
- Фарингдон
- Кралев Крст Св. Панкрас
- Јустонски плоштад
- Грејт Портленд Стрит
[уреди] Главнина
Метрополската се двои од Кружната/Хамерсмит & Сити линијата веднаш источно од станицата Бејкер Стрит, каде линиите користат засебни перони, под агол од околу 45 степени од пероните на Кружната/Хамерсмит & Сити линијата.
- Бејкер Стрит (највеќето возови тргнуваат северно од овде)
- Финчли Роуд
- Помеѓу Финчли Роуд и Вембли Парк линијата оди по надворешноста на Јубилејната линија. Две станици од оваа линија - Вилсден Грин и Низден - имаат платформи на Метрополската линија, но Метрополските возови застануваат таму само ако Јубилејната линија не е во функција, како и наколку воза на самиот почеток и крај на денот.
- Вембли Парк
- Престон Роуд
- Нортвик парк
- Хароу-на-Брдо
Кај Вембли Парк, Метрополските шини се делад од две на четири, со побрзите линии на надворешноста. Брзите (до Амершам) и полубрзите возови (до Ватфорд) не застануваат на Престон Роуд или Нортвик Парк. Во шпицот го прескокнуваат и Вембли Парк.
Кај Хароу линијата се дели на два огранока — главната линија до Нортвуд и гранката за Аксбриџ.
[уреди] Аксбриџска гранка
(продолжува од Хароу на Брдо)
- Западен Хароу
- Рејнерс Лејн (одтука до Аксбриџ линијата се дели со Пикадили линијата)
- Исткоут
- Рајслип Манор
- Рајслип
- Икенам
- Хилингдон
- Последна: Аксбриџ
[уреди] Нортвудска гранка
(продолжува од Хароу на Брдо)
- Северен Хароу
- Пинер
- Нортвуд Хилс
- Нортвуд (последната станица во рамките на Голем Лондон)
- Мур Парк
По Хароу-на-Брдо линиите се редат во два паралелни пара, бавниот (северен пар) и брзиот. Брзите линии се користат заеднички со линијата на Националната Железница до Ејлсбури (оперирани од Чилтернски Железници) кои до тука одат паралелно. Станиците помеѓу Хароу-на-Брдо и Мур Парк (ексклузивно) имаат перони само на бавните линии, и на нив можат да застануваат само бавни и полубрзи возови, кои обично одат до Ватфорд. Кај Мур Парк линијата се дели, со тоа што брзата линија до Амершам станува главна, а бавната оди за Ватфорд.
[уреди] Ватфордска гранка
(продолжувајќи од Мур Парк - каде постои и тријаголен дел, по кој одат возови од Ватфорд до Рикмансворт рано наутро и доцна навечер).
- Кроксли
- Ватфрод
[уреди] Кон Амершам
(продолжувајќи од Мур Парк)
Станиците помеѓу Рикмансворт и Амершам се опслужувани и од највеќето Чилтернови возови до Ејлсбури.
тука возовите или продолжуваат кон Амершам или, во шпицот, продолжуваат право за Чешам. Во сето друго време има шатл помеѓу Чалфонт & Латимер и Чешам, каде мора да се сменат возови за Амершам. Овој воз доаѓа на околу секои 30 минути.
или
- Амершам
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
- Метрополската линија — Веб-сајт на лондонското метро (англиски)
- Метрополската линија (англиски)