Морфологија (линвгистика)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дел од науката за јазикот што ги проучува формите на зборовите, правилата за нивното градење и нивните граматички значења се нарекува морфологија.
- Според проучувањата на англиските лингвисти, морфологијата е наука (или дел од науката за јазикот) чиј основен интерес е да ја проучува градбата или структурата на зборот т.е од што е составен зборот
Според нив, исто така, морфологијата е лингвистичка дисциплина која се занимава со проучување на фонемската структура на морфемата како и дисциплина која се занимава со проучување на меѓусебните морфолошки врски меѓу фонемите како составни делови на морфемата, на ваков начин се доаѓа до сознанието дека морфологијата и фонетиката и фонологијата стојат во неделива врска затоа што тие се дисциплини кои ја чинат граматичката структура на еден јазик.
- Структуралистите од прашката лингвистичка школа сметаат дека морфологијата е дел од науката за јазикот, кој ја проучува не само градбата и граматичката структура на зборот, ами и ги проучува промените (новите значења) и причините за промените во структурата на зборот. Односно ги проучува промените кои произлегуваат од врските на зборот со другите зборови околу него.
- Според руската школа, морфологијата се занимава со проучување на внатрешната структура на зборот, но и со неговата форма и неговите значења.