Неум
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||
Општина во Босна и Херцеговина | |||
---|---|---|---|
Општи податоци | |||
Ентитет | {{{entity}}} | ||
Површина | |||
Население (попис 1991) | 4,268 | ||
Густина на население | |||
Координати | 42°55′ С 17°37′ И | ||
Повикувачки број | +387 36 | ||
Градоначалник | Ѓуре Обрадовиќ (ХДЗ) | ||
Веб-сајт | http://www.neum.ba |
Неум (Neum) е единствениот приморски град во Босна и Херцеговина. Околу него се протега крајбрежје со должина од 21 км, што е единствениот пристап на земјата на Јадранското Море. Неум се наоѓа во Херцеговско-неретванскиот кантон во рамките на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Неум е сместен на стрми брда, има песокливи плажи и има неколку големи хотели. Цените обично се пониски одоние на нивниот сосед, Хрватска, и со тоа ова е популарна дестинација кај оние кои трошат по продавнмици. Туризмот е главна стопанска гранка во областа. Во врвот на сезоната граничните формалности со Хрватска се лабави.
Неум нуди 5000 легла за туристи, од кои 1810 по хотели, а останатите по мотели, вили и приватно сместување. На општинско ниво, туризмот во Неум е активен само во крајбрежниот предел. Внатрешноста на Неум се одликува со богата археолошка историја и недопрена дивина и затоа таму селскиот туризам е во развој.
Градот е домаќин на годишниот музички настан, „Ентофест Неум“.
Неум има долги топли лета, а кратки и благи зими. Тој е еден од крајбрежните градови со највеќе сончеви часови во светот. Просечната температура на морето изнесува 13°C во јануари и се искачува до 32°C во јули и август. Најпопуларни активности се пливањето и сончањето, крајбрежните прошетки, пловењето и разни водни спортови.
Неум е оддалечен 60 км од Дубровник (80 км од дубровничкиот аеродром), 70 км од Мостар и Меѓугорје и 30 км од Плоче и Метковиќ, кои обете имаат железнички станици.
Градот бил домаќин на конференцијата насловена како Уставно-правната положба на хрватите во Босна и Херцеговина во доцниот дел од октомври 2005.
Регионот Неум ја сече Хрватска на два неповрзани дела. Ова е исход од Карловечкиот мировен договор од 1699 год. Во овој договор Дубровничката република ѝ го отстапил Неумскиот регион на Отоманската империја за да избегне да се граничи со окупаторската Венецијанска република.
Фактот што за да се стигне до најјужниот дел на Хрватска, прво мора да се премине босанската граница ја натерал владата на Хрватска да планира мост од Клек до Пељешац за заобикулување на границата. Бидејќи ова потенцијално ги загрозува правата на БиХ меѓународниот морски закон, овие планови се во стагнација сѐ додека не се најде заеднички задоволително решение за проблемот.
Содржина |
[уреди] Демографика
Во 1991, општината Неум имала 4,268 жители:
- 3738 хрвати (87.6%)
- 209 срби (4.9%)
- 196 босанци (4.7%)
- 92 југословени (2.1%)
- 33 други (разни) (0.7%).
Самиот град Неум има 1,993 жители:
- 94% хрвати
- 2% босанци
- 3% срби
- 1% други (разни).
[уреди] Историја
Во војната помеѓу Светата Лига и Отоманската империја, Дубровник го предал Неумскиот регион на турците. Вака турката војска имала пристап на Јадранот, а воедно и Дубровник имал заштита од Венецијанската република.
За последен пат турците го користеле заливот за воени цели додека се повлекувале од реонот за време на навлегувањето на австроунгарците во БиХ во 1878 год.
[уреди] Видете исто така
- Туризмот во Босна и Херцеговина
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Неум (хрватски) (англиски)
- Босански градови - Неум (босански)
- Информации за градот Неум (англиски)
Општини во Херцеговечко-неретванскиот кантон | |
---|---|
Јабланица | Коњиц | Мостар | Неум | Прозор-Рама | Равно | Столац | Чапљина | Читлук |