Носии од Дебарски Дримкол
Од Википедија, слободна енциклопедија
Носијата од шесте села во пределот Дебарски Дримкол се надоврзува на носијата од Голо Брдо со истите облековни елементи, но со разлики во нивното украсување и потемни колористични решенија.
Облеките што ја сочинуваат невестинската носија, наречени срамачки се најмногу украсени и најдекоративни, што е посебно забележливо на ракавите од невестинската кошула, означени како тноки рокаи - за денот на свадбата, оние наменети за понеделникот по свадбата - дотноки рокаи, како и декоративна мала невестинска скутина бофча, со долги волнени рески.