Носија од Леринско Поле
Од Википедија, слободна енциклопедија
Носијата од Леринско Поле се надоврзува на носијата од Битолско Поле, но со забележливи разлики во обликувањето и украсувањето на одделните облеки. Населението во овој предел, нознато под етнонимот моштени, ја зачувало својата традиционална носија, особено женската. Женската кошула од бело домашно платно, е извезена со специфична декорација, изведена исклучиво со крвчиња, а над неа се облекувале волнени клашнени облеки - ќурдија, ресачка, власеник. Се опашувале со ткаена волнена скутина прегач, а главата ја нокривале со бели даркми.