Огнен ѕид
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Огнен ѕид (англиски: Firewall), во информатичката технологија е безбедносна направа која е конфигурирана да дозволува или да забранува конекции според безбедносни политики, која што функционира во мрежни околини. Постојат така наречени зони на доверба (trust zones, hign trust zones) и во нив спаѓаат мрежи на кој може да им се верува како на пример внатрешните локални мрежи и зони на недоверба (no trust zone) како што е Интернет мрежата. Главната цел на firewall-от е да се има контрола врз сообраќајот што се одвива помеѓу зоните од различно ниво на доверба и се тоa функционира преку сигурносни полиси (security policy) и конекции базирани на моделот на привилегии (least privilege). Поедноставно дефиниција би било дека firewall е еден вид на компјутер со две мрежни карти (една влезна и една излена) на кој има инсталирано свој оперативен систем со софтвер и служи за заштита од различни напади или пак контролирање на сообраќајот во мрежите. Исто така постои и софтверски firewall кој претежно е наменет за домашни корисници како многу едноставна заштита од Интернет напад и препорачливо е да функционира напоредно со некој вид на антивирус.