Остеопатска медицина
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За други значења на поимот, видете Остеопатска медицина (појаснување).

„Остеопатската медицина“ (исто позната како „остеопатија“) е „комплетен систем на медицинска грижа чија философија е да се задоволат потребите на пациентите со користење на медицина, хирургија и акушерство. Во остеопатската медицина, особено внимание се посветува на врската помеѓу структурата и функцијата. Истовремено се подвлекува способноста на телата да се лечат сами.“[1] Надвор од САД, „остеопатската медицина“ е обично синоним за „остеопатија“.
Докторите по Остеопатска Медицина (Д.О.) користат философија на лечење на целото тело (холистички пристап). Оваа философија се користи за превентива, дијагноза и лечење на болести. Остеопатските доктори користат традиционални алатки како лекови и хируршки интервенции, но, и алатки специфични за остеопатијата како рачна терапија (остеопатка манипулативна медицина).
Докторите по Остеопатска Медицина кои се образовани во САД се лиценцирани доктори и хирурзи и ги имаат истите права и привилегии како и Докторите по Медицина. Во најголем број на други земји, остеопатите немаат комплетно медицинско образование. Во моментов во САД има 23 акредитирани институции со програми по остеопатска медицина[2] и 125 програми по традиционална (т.н. алопатска) медицина.
Програмите по алопатска и остеопатска медицина се слични. Првите две години се обично теоретски (некои програми пружаат контакт со пациенти уште од самиот почеток), додека третата и четвртата година се состои од клинички ротации низ најразлични специјалности по медицина. И за двете програми, најпрвин е потребно да се дипломира на факултет, обично по природни науки (биологија или хемија). По завршувањето на медицинската програма, и алопатските и остеопатските доктори мораат да завршат специјализација. Остеопатските доктори можат да специјализираат во алопатски специјалности, додека алопатските доктори не можат да специјализираат во остеопатска специјализација. Во САД нема разлика помеѓу платите на алопатски и остеопатски доктори, но, платите варираат многу во зависност од специјализацијата на докторот.
Надвор од САД, остеопатите не се образоваат по истата програма како остепатските доктори во САД. Тие обично се занимаваат само со лечење на мускулно-скелетски проблеми и користат исклучиво рачна манипулација (остеопатска манипулативна медицина), слично како киропрактичарите во САД.
[уреди] Извори
- ↑ Збирка на Остеопатски Изрази
- ↑ „ААКОМ Информации за Медицински Школи“. Американска Асоцијација на Колеџите по Остеопатска Медицина. [Страната е посетена на 2006-08-23].