Питка вода
Од Википедија, слободна енциклопедија
Питка вода е вода која во себе содржи многу мала концентрација на растворени соли и други материи. Тоа е многу важен ресурс, неопходен за опстанокот на повеќето сувоземни животни. Питката вода покрај другото е неопходна за човекот за пиење и наводнување во земјоделието.
[уреди] Каде може да се најде
Питката вода може да се најде во езерата, реките и во подземни природни резервоари. Питката вода се создава при процесот на испарување на големите океански и морски површини, кондензација на честичките на пареа во атмосферата и потоа во вид на врнежи од дожд и снег се складира во природните резервоари на питка вода (езера, реки, подземни природни резервоари). Други големи резервоари на питка вода се ледените глечери на високите планини, како и поларните капи на северниот и јужниот пол.
[уреди] Види исто така
- Вода
- Морска вода
- Десалинизација