Покривна градина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Покривна градина е градина која се наоѓа на покривот на една зграда.
Луѓето одгледувале растенија врз објекти уште од античко време. Покрај нивната украсна улога, растенијата на покривите можат да служат како храна, контрола на температура, архитектонско разубавување и рекреацион простор . Често по градовите неможе да се најде простор за градини, што е главната причина за постоењето на покривните градини. Градината може да биде на покривот на автономна зграда која се грижи за сопствената вода и отпад. Хидропоници и други алтернативни методи можат да ги зголемат можностите за покривно градинарство со намалување, на пример, на потребата за земја или нејзината огромна тежина. Саксии и слични садови се користат доста често. Високопрофилен пример за покривна градина е чикашката општинска зграда.
Поврзаната идеја за жива машина е заснована на најосновниот начин на градинарство: фрлање на отпад (ѓубриво и отпадоци), кој е соодветно расцепкан, обично во некоја специјализирана дупка или контејнер) на почвата, и берба на храна која, по обработката, создава ѓубриво, и откога ќе се изеде, отпадоци. Овој вид на затворено градинарство се користи речиси насекаде во светот, и покрај извесните здравствени ризици доколку не се употребуваат современи технологии и методи.
[уреди] Видете исто така
- Зелен покрив
- Надградбен стан, кој често има вакви градини
- Жив ѕид (градинарство)
- Кенсингтонски покривни градини
- Урбано земјоделство
- Листа на градинарски теми
- Тревник
[уреди] Надворешни врски
- Стаклена градина во небото (англиски)
- Слики на прокривни градини во Лондон (англиски)