Причестување на апостолите (икона)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Иконата Причестување на апостолите потекнува од 12-13 век. Насликана е со темпера - гипсен грунд на платно. Основна подлога е штица, а димензиите и се 33,5 x 34 cm. Иконата припаѓала на црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент), Охрид. Денеска се наоѓа во Галеријата на икони, Охрид.
Содржина |
[уреди] Состојба
Дрвената подлога е подјадена од црвоточина. Сите четири агли, се повеќе или помалку оштетени поради трошноста на штицата. На повеќе места, посебно во долниот дел од иконата, отпаднал гипсениот грунд заедно со боениот слој. Поради лупење на боениот слој, дошло до повеќе оштетувања на лицата и облеката на насликаните апостоли и Христос. Сигнатурата е исто така оштетена.
[уреди] Иконографија
Мошне ретко обработуван мотив во иконописот. Може со поголема сигурност да се каже дека е тоа единствена икона со оваа тема меѓу зачуваните и досега познати икони во Македонија настанати во периодот од 11 до крајот на 19 век. Карактеристично е дека Христос под балдахините е претставен два пати, а апостолите се насликани во збиени групи. На чесната трпеза е насликан квасен леб за причесна.
[уреди] Конзервација
Чистена и конзервирана во лабораторијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците nа културата - Скопје.