Радикал (хемија)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во хемијата, радикалите (често нарекувани и слободни радикали) се атоми или молекули со неспарени електрони. Овие неспарени електрони се обично многу реактивни, па затоа радикалите влегуваат во хемиска реакција. Радикалите играат многу голема улога во атмосферската хемија, плазма хемијата, биохемијата, човечката физиологија и во многу други слични дисциплини. На пример, супероксидите и нитричните оксиди регулираат многу биолошки процеси. Првиот органски слободен радикал (трифенилметил радикалот) беше идентификуван од Мојсеј Гомберг во 1900 година.
Ова е недовршена статија за наука. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |