Св. Димитриј Солунски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Св. Димитриј е христијански маченик кој пострадал во Македонија за време на владеењето на Галериј чиј што култ, со текот на времето, ги поминал локалните граници на Солун и Македонија проширувајќи се во целиот христијански свет.
Св. Димитриј се родил во Солун во благородничко семејство. По смртта на татко му кој бил управник во градот, младиот Димитриј ја наследил неговата функција, но набрзо бил уапсен под обвинение дека е христијанин. Имено, одбивајќи го извршувањето на императорската наредба да започне со прогон против христијаните, Димитриј бил уапсен и изведен на сослушување лично пред Галериј. На судењето јавно признал дека е христијанин и одбил да им принесе жртва на паганските богови по што бил подложен на сурови измачувања. По неговата маченичка смрт, која се датира во 306 година, неговото тело било тајно земено и погребано, а подоцна на местото на неговиот гроб бил подигнат голем христијански храм.
Во средината на 4 век неговите мошти биле пренесени во солунската црква изградена во негова чест, а во близината на римската бања каде што според преданието бил мачен од страна на властите.