Св. Преображение-Зрзе
Од Википедија, слободна енциклопедија
Манастирот Св.Преображение, познат и како Зрзе, се наоѓа на околу 25 километри западно од Прилеп, на една рамнина над селото Зрзе.
Манастирскиот комплекс зафаќа површина на кој простор е изградени манастирски згради.
[уреди] Историја на Манастирот
Манастирскиот комплекс зазема многу поголема површина отколку денешниот. Настанокот на овој историски споменик е некаде во средината на 14 век. Во тој период е и изградбата на испоснички ќелии изработени во вертикалниот засек на варовниот масив, источна граница на манастирскиот комплекс.
Манастирот Зрзе го подигнал монахот Герман за време владеењето на царот Душан. Во втората половина на 14 век, кога Волкашин станал независен владетел на земјата околу Прилеп, грижата за манастирот ја презеле внуците на монахот Герман.
Во првата половина на 17 век, манастирските луѓе извеле акција за проширување на црквениот комплекс. Во тој период на северната страна се доградила црквата Св.Петар и Павле, а подоцна е обновена и е позната кај населението под името "Чобанска црква".
Последната обнова на црковниот комплекс дошла во 19 век, и тоа на црквата Св.Петар и Павле, на западниот ѕид на надворешната припрата и камбанеријата.
[уреди] Манастирскиот комплекс денес
Денешниот црковен комлекс се состои од храмот Св.Преображдение, храмот Св.Петар и Павле, надворешната припрата на западната страна, и дел од градбата на јужната страна од црквата на Св.Преображение. Целиот тој комплекс е покриен со стари турски ќерамиди на три води. Јужно од црквата Св.Преображение, е подигната кула - камбанарија.
Фреските во Св.Преображдение, се од 1369 година. Над првата зона на јужниот, западниот и северниот ѕид бил откриен фриз со светци во медалјони. На овој фриз на истите ѕидови беа откриени поголем број на композиции, иконографски многу интересни за овој период.
Фреските во наосот му припаѓаат на 16 век, најверојатно помеѓу 1535 и 1540 г. Живописот почнува од она место каде порано бил преградниот ѕид, односно западниот ѕид на црквата па сe до олтарната апсида. На јужната страна постоел влез, кој подоцна бил претворен во прозор, а уште подоцна сосем затворен. Западно од овој влез, насликани се фигурите на св.Тееодор Тирон и Теодор Стратилат. Во овој временски период, во горните зони насликани се поголем број композиции од животот на Хрита, меѓу кои "Рождетво Христово", "Сретење" и др.
[уреди] Конзерваторски активности
За време на конзерваторските работи биле откриени зачувани елементи од првобитниот трем на црквата, подигната во 17 век. Врз основа на тие откритија, била извршена реконструкција на западната и јужната страна од тремот со дрвени колади, меѓусебно поврзани со дрвени лакови.
Во црквата св.Петар и Павле, поточно во наосот се наоѓа единствената фреска - убавиот портрет на чобан, претставен во народна носија, по што и го добила името самата црква. За овој портрет постои една легенда меѓу месното население дека овчарот, бранејќи ја ја црквата и нејзиното богаство од арнаутите, е убиен во самата црква. Оттука и името - Чобанска црква.
Со конзервацијата биле откриени нови површини на фрески, мошне значајни за македонската средновековна уметност.