Судоку
Од Википедија, слободна енциклопедија
Судоку (Јапонски: 数独, sūdoku), понекогаш пишуван и како Су Доку, е логички-базирана игра (сложувалка, задача), позната и како Number Place (Бројка на место) во САД. Целта на оваа канонична сложувалка е да се внесе број од 1 до 9 во секое поле од 9×9 матрицата, која пак е составена од 3×3 подматрици (наречени „региони“), почнувајќи со разни броеви кои се дадени во некои полиња (наречени просто „дадени“). Секоја редица, колона и регион мора да содржи една и само една инстанца од секој од броевите 1 до 9. За да се реши задачата потребно е трпение и логички способности. И покрај тоа што прв пат се појавува во американско енигматско списание во 1970, Судоку добива на популарност и во Јапан во 1986-та, за во 2005-та да се здобие со интернационална популарност. Првото светско првенство во судоку ќе се одржи во Лука, Италија, од 10 до 12 Март 2006.