Тава (дрво)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тава | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Дрвото тава
|
|||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Beilschmiedia tawa (А.Кан.) Кирк |
|||||||||||||||
|
Дрвото Тава (Beilschmiedia tawa) е новозеландско широколисно дрво кое вирее насекаде при крајбрежните краишта на централниот дел од земјата. Зборот „tawa“ е маорското име на дрвото. Тавата често е дрвото со доминантна крошна во ниските шуми на Северниот остров и североисточниот дел на Јужниот остров, но често создава и поткрошна во големите шуми ширум земјата под подокарпите како Кахикатеата, Матаито, Мирото и Римуто. Дрвото расте до 30 м или повеќе во височина, а пречникот на труповит му достигнува до 1.2 метри. Дрвото има мазна, темна кора.
Тава дрвото дава мали, незабележителни цветови, а по нив и плодови со боја на темноцрвена слива и должина од 2-3.5 см. Со неговите големи плодови, ова дрво е познато по тоа што истото зависи исклучиво од птицата Кереру (Новозеландски гривјак) и (кога е таму), северноостровскиот Кокако за разнесување на семето. ОВие се единствените преживеани птици од првобитната новозеландска биота, доволно голема за да може да ги јаде овие семиња, да ги свари, а потоа да исфрли измет. Тавата исто така може да поддржува значајни епифитни градини под нивние крошни.
Населбата Тава во градот Велингтон е именувана по ова дрво.
[уреди] Употреба
Ова дрво е едно од ретките тврди дрва во земјата кои даваат добар дрвен материјал. Дрвото може да се употребува, меѓу другото, и за атрактивни и еластични дрвени подови. Во дивината овие дрва се забранети да се сечат, освен кога се самите паднати и тоа со посебна дозвола.
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Извори
- H.H. Allan, 1961. Flora of New Zealand Vol. 1. Government printer.
- J. Dawson and R. Lucas, 2000. Nature guide to the New Zealand Forest. Godwit.