Холанд & Холанд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Холанд & Холанд (Holland & Holland) се британски производители на престижни рачно изработено спортско оружје, особено ловечки пушки и имаат две Кралски ополномоштувања.
[уреди] Историја
Фирмата била основана од Харис Холанд (1806-96) во 1835. Бидејќи тој бил признат и вешт стрелец, Холанд сакал да почне да изработува пушки. Отпрвин неговите пушки го носеле натписот „H. Holland“. Не се знае со сигурност кога тој почнал со изработката, но се мисли дека е некаде во 1850-тите.
Бидејќи тој немал свои деца, тој го земал неговиот внук Хенри, кој го носел истото презиме, за да биде чирак во неговата работилница во 1861. Во 1867, Хенри станал негов ортак, а во 1876 името на фирмата било сменето во „Holland and Holland“, иако вујко му бил тој што воглавно управувал со фирмата.
Во 1883 Холанд и Холанд освојуваат највисоки награди во сите категории на пушки. Ова поставило нов стандард на изврсност во изработувањето на пушки во земјата. Во 1885 Холанд и Холанд добиваат патенти за пушката „Парадокс“, чија цевка вила ожлебена при крајните 5 см од цевката.
Во 1908, тие патентираат механизам за заклучување на расклопување. Последнато подобрување кај двоцевката се случило во 1922, кога бил патентиран помошниот механизам за отворање на пушката. Оваа пушка, славната самооттворачка „ROYAL“ паралелна двоцевка извршила гоелмо влијание врз изработката на пушки ширум светот.
Кон крајот на осумдесеттите години фирмата се реновира и се исфрлаат од употреба машините кои се користеле уште од 1889. Пушките како вертикалната двоцевка „ROYAL“ или двоцевките биле подобрени и повторно воведени на пазарот со пречник на цевка од 12, 20 и 28 како и .410 инчи. Најскапите рачно изработени пушки од овој производител можат да чинат и до 60,000 фунти.
Во 1990-тите, Холанд и Холанд почнале со програма за проширување. Фирмата има подавници во Париз, Њујорк и Лондон - во стоковната куќа Хародс и аеродромот Хитроу. Оригиналната продавница на Брутон Стрит во централен Лондон е целосно реновирана и поширена.
Фирмата ја прославила својата 165-та годишнина во 2000 година.