Христијан Спировски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Христијан Спировски е познат пијанист од Битола. Тој е роден на 24 Ноември 1987 во Мелбурн, Австралија. Неговата кариера започнала кога имал 10 години. Како ученик при Основното Училиште Тодор Ангелевски од Битола, напоредно бил и ученик во Нижото Музичко Училиште.
Во 1999 година, Христијан се појаува во Македонската Телевизија, за една година подоцна да го доживее врвот на својот успех кога ја освојува првата награда за најдобри инструменталисти во цела Македонија - „Вашиот Прв Аплауз“ пренесувано на 34 телевизиски куќи низ државава. Неговиот настап со Монти Чардашот беше вистинско изненадување за сите.
По завршувањето основно училиште, се запишува во Училишиот Центар за Музичко Образование во Битола, во инструментален отсек пијано во класата на младата професорка Маја Стојановска.
Овие две години, Христијан Спировски важи за еден од најдобрите Битолски пијанисти. Tој бил наречен и "Битолски Моцарт" од страна на жири комисијата, Мате Грујовски и Анка Гиева.
Во 2004 година, Христијан Спировски се запишува во University High School, училиште лоцирано во центарот на Мелбурн.