Целулоза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Целулозата е фитополисахарид и претставува најважен претставник на полисахаридите во растенијата. Количината на целулоза во некои микроорганизми, алги и лишаи е беззначајна, а животните воопшто не содржат целулоза.
Од целулоза се состојат околу половина материјали кои ги изградуваат клеточните ѕидови кај дрвата и другите растителни производи (памук, филтер хартија итн.).