Шарлов закон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шарловиот закон (познат и како закон на Шарл и Геј-Лисак) е еден од основните гасни закони. Законот беше за прв пат објавен од Јозеф Луис Геј-Лисак во 1802 година, но неговата работа се базирала на необјавен труд на Жак Шарл од околу 1787 година. Според овој податок, законот се нарекува Шарлов.
Шарловиот закон кажува дека при константен притисок, волуменот на дадена маса гас се зголемува или намалува од истиот фактор од којшто температурата на тој гас се зголемува или намалува. Формулата за овој закон е:
-каде:
- V е волуменот.
- T е температурата (мерена во келвини).
- k е константа.
За да се одржи константата k, за верме на загревањето на даден гас при фиксен притисок, волуменот мора да се зголеми. Обратно - со ладењето на гасот се намалува волуменот. Точната вредност на константата не треба да се познава за да се употреби законот во споредба меѓу два волумени на гас на еднакви притисоци:
- .
Шарловиот закон, Геј-Лисаковиот закон и Бојл-Мариотовиот закон го образуваат комбинираниот гасен закон. Трите основни гасни закони во комбинација со Авогадровиот закон се сумирани со законот за идеалне гас.