Љупчо Јордановски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Д-р Љупчо Јордановски е роден на 13 февруари 1953, Штип, Република Македонија. Оженет е, татко на три деца. во 1975 станал дипломиран електротехнички инженер на Електротехнички факултет, Загрепски универзитет во Хрватска. Докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД во 1985. Активен е на политичката сцена во последниве 15 години.
[уреди] Академски звања
- 1998 - 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети. Кирил и Методиј"
- 1995 - 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј" - Штип
- 1992-1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј" - Скопје
- 1987-1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје
- 1982 – 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија
[уреди] Политички Ангажмани
- 2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
- 2003: Претседател на Собранието на Република Македонија