Џон Лоб
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џон Лоб (John Lobb) е многу ексклузивна марка на машки чевли и чизми од Англија. Фирмата се смета за најдобриот изработувач на вакви обувки во светот. Сите продукти се рачно направени до највисок стандард на перфекција. Тие се продаваат како готов производ и по мерка. Нивното мото е „The Bare Maximum for a Man“ („Голиот максимум за еден маж“).
Чевлите се продаваат во сопствени продавници, бутици и во луксузни стоковни куќи како Хародс, Селфриџес, Нејман Маркус и Лејн Крафорд.
Пар чевли по порачка чинат околу £2000.