30 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Според Грегоријанскиот календар, Февруари има 28 дена или 29 кога станува збор за престапна година. Сепак некои од светските календари го имале февруари со 30 дена.
Содржина |
[уреди] Шведски календар
Шведското кралство кое ја вбројувало и Финска во тоа време, планирало да се префрли од Јулијанскиот календар на Грегоријанскиот на почетокот на 1700, со тоа што би ги исфрлило престапните денови во следните 40 години. Одтука 1700 не била престапна во Шведска. Спротивно на планот испаднало дека 1704 и 1708 се престапни години, што предизвикало Шведскиот календар да биде 1 ден понапред од Јулијанскиот, а 10 дена позади Грегоријанскиот. Потоа во 1712 повторно се вратилена Јулијанскиот, а конечното свртување кон Грегоријанскиот е направено во 1753.
[уреди] Советски револуционерен календар
Во 1929 Советскиот сојуз вовел нов револуционерен календар, со кој секој работен месец имал 30 дена а останатите 5 или 6 биле безмесечни празнични денови. Сепак во 1931 овој календар е напуштен.
[уреди] Вештачки календари
Вештачките календари можат да имаат и по 30 дена во февруари, на пример во климатски модел статистиките можат да бидат поедноставени со создавање 12 месечна година од по 30 дена.
Хедли центарот е еден пример.
[уреди] Надворешни врски
28 февруари - 29 февруари - 1 март
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |