La Pyramide Inversée
Од Википедија, слободна енциклопедија
La Pyramide Inversée (Обратната пирамида) е светларник конструиран во подземен трговски центар пред музејот Лувр во Франција. Може да се Може да се гледа како мал брат на попознатата Пирамида Лувр, свртен наопаку; свртената основа лесно може да се забележи однадвор.
[уреди] Дизајн
Пирамидата означува пресек на двата главни пата и ги ориентира посетителите кон влезот на музејот. Затегната со 30-тонска, 13,3 метарска квадратна метална рамка, инверзната пирамида во ламинирано стакло покажува надолу кон подот. Врвот на пирамидата е 1,4 метри над подот. Индивидуалните стаклени страни во пирамидата, дебели 30 mm, се поврзани со кртовидни спојки од челик долги 381 милиметар. Навечер, структурата се осветлува од серија рефлектори.
Точно под врвот на стаклената пирамида, на подот е сместена мала камена пирамида (околу еден метар висока), како слика на поголемата структура над неа. Врвовите на двете пирамиди скоро да се допираат.
La Pyramide Inversée била дизајнирана од архитектите Јео Минг Пеи, Коб Фрид и Партнери, и инсталирана како дел од втората фаза на владината реновација на музејот Лувр. Била завршена во 1993. Во 1995, била финалист во наградите Бенедиктус, опишана од жири-комисијата како „исклучителна анти-структура … симболичка употреба на технологија … парче скулптура. Била замислена како објект но сега е објект кој зрачи светлина."
[уреди] Надворешни врски
- Structurae: Обратна пирамида
- Музејот Лувр и обратната пирамида - фотографии и многу повеќе
- Повеќе од 10.000 фотографии: Musée du Louvre — музејот Лувр
- La Pyramide Inversée - Фотографии од блиску
- Официјална веб-страница на музејот Лувр
- Парискиот меридијан, или „Линија на Ружи"
Категории: Музеи | Градби во Париз | Пирамиди | Лувр