Разговор со корисник:Sokoly
Од Википедија, слободна енциклопедија
Страницата за помош и ЧПП ќе ви помогнат по регистрацијата. Тие објаснуваат како да се користи Википедија, како да се уредуваат статии и како треба да изгледаат статиите. Погледнете и како да почнете нова статија. Не треба да имате некакви стручни знаења за да допринесете на Википедија. Работете слободно на Википедија и разговарајте со другите. Ова е вики - сè е едноставно. Повеќе информации се достапни на Порталот каде што можете да ги поставите Вашите прашања. Прашањето може да го поставите и на ИРЦ, каде веднаш ќе добиете одговор. Можете да ги контактирате и администраторите доколку имате некое посебно прашање. |
|
[уреди] Здраво!
Здраво Огнен, гледам дека веќе си се регистрирал на Википедија. Во врска со твојата забелешка, бидејќи си нов на Википедија, ти предлагам прво да ги прочиташ горните начела и правила на Википедија. Во однос на името - на секоја статија, во горниот дел од екранот има различни алатки - уреди, разговор, историја. Кога ќе кликнеш на историја, таму се сместени имињата на учесниците кои учествувале во создавањето на статијата, а бидејќи Ти си ја создал статијата (конкретно, на пример, онаа за сивиот сокол), твоето име ќе биде прво на листата. Затоа не треба да се пишуваат имињата на конкретната статија, бидејќи тие стојат во историјата. Доколку имаш некои прашања поврзани со уредувањето на статиите или било што за Википедија, слободно пиши ми на мојата страница за разговор: тука. Поздрав и продолжи со уредување на одличните статии поврзани со соколарството! Boyan 14:06, 21 Април 2006 (UTC)
[уреди] Добредојде и од мене!
Памтам дека Бојан пред некое време зборуваше за некој соколар што го познавам. Претпоставувам дека тоа си ти.
Епа ајде едно официјално добредојде и од мене како администратор :-) !
Јас лично многу се интересирам за соколарството и неизмерноми е драго што имаме еден соколар да ни пишува на тие теми. Јас сакав дури и некои статии да ги преведувам од англиски, ама се откажав бидејќи знам дека нема да ја погодам стручната терминологија при преводот, па затоа си реков ајде еден ден кога ќе дојде некој постручен од мене, нека работи статии. Искрено не очекував тоа да се случи така скоро, но ете - имаме и соколар! Се надевам дека веќе си запознаен со тоа како да поставуваш слики и објасненија под нив, како и разни други уреднички операции. За било какво прашање можеш слободно да ми се обратиш, јас сигурно ќе ти одговорам во рок од 12 часа, а обично и многу порано. Ова го кажувам заради тоа што другите немаат во моментов толку време, па јас сум моментално најактивниот уредник и администратор т.е. имам највеќе време за да ти помогнам. Поздрав и уште еднаш, драго ми е што те имаме. --Б. Јанкулоски 10:35, 26 Април 2006 (UTC)