Авон (река во Нов Зеланд)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Авон (англиски: Avon River) е река во Крајстчерч, Нов Зеланд.
На маорски реката се нарекува Отакаро или Путаре камуту. Името Авон ѝ го дал Џон Динс во 1848 по реката Авон во Фалкирк, Шкотска. Реката тече преку целата година, добивајќи вода од додатни извори. Се влева во Пацификот преку устието близу местото Самнер.
Реката е позната по својот тек во градот Крајстчерч во облик на канал кој е познат по гондолите за изнајмување.
[уреди] Видете исто така
- Други реки со име Авон