Акра (мерна единица)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Акра (англиски: acre) е единица за површина во разни системи како британскиот и американскиот. Најчесто употребувани акри денес се меѓународната и американската геометарска акра. Во една акра има 43,560 квадратни стапки.
Една акра има 4,840 квадратни јарди. Заради алтернативните дефиниции за јардата, точната големина на акрата исто така варира. Сродни мерки за должина се еден фурлонг акрова должина (220 јарди) и ланец акрова ширина (4 прачки или 22 јарди).
Акрата најчесто се користи за површина на земја. Метричниот систем го користи користи хектарот за истата намена. Една акра има околу 0.4 хектари.
Содржина |
[уреди] Меѓународна акра
Во 1958 год, САД и земјите на Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународната јарда како 0.9144 метри.[1] Како резултат на тоа, меѓународнната акра изнесува точно 4046.8564224 квадратни метри.
[уреди] Американска геометарска акра
Американската геометарска акра изнесува околу 4046.873 квадратни метри; нејзината точна вредност (4046инч дефиниран од метар - 1 метар = 39.37 инчи, по одлуката на Менделхаловата наредба. Ова е стандардната акра во САД, но разликата од меѓународната акра изнесува само 4 милионитини.
13,525,426⁄15,499,969 m2) е базиурана на[уреди] Еквиваленција со други единици за површина
1 меѓународна акра е еднаква на следниве метрички единици:
- 4046.8564224 квадратни метри
- 0.40468564224 хектари
1 меѓународна акра е еднаква на следниве неметрички единици единици:
- 4840 квадратни јарди
- 160 square прачки (1 квадратна прачка = 0.00625 акри)
- 100 индиски центи (1 цент = 0.01 акри)
- 10 квадратни ланци (1 квадратен ланец = 0.1 акри)
- 4 руда (1 руд = 0.25 акри)
- 0.0015625 кдвадратни милји (1 квадратна милја = 640 acres)
1 американска геометарска акра е еднаква на:
- 43,560 квадратни стапки
- 4840 квадратни геометарски јарди
- 4046.87261 квадратни метри
- Една акра е еднаква на 10 квадратни ланци: десет акри се еднакви на еден квадратен фурлонг: акрата е еден ланец на еден фурлонг: ланец: 22 јарди, фурлонг: 220 јарди.
[уреди] Употреба на акрата
Во Обединетото Кралство денес употребата на акрот намерно се потиснува, но за општата јавност таа и понатаму останува вообичаена мерка за површина. Акрата е законската мерка за површина во САД.
[уреди] Потекло
Зборот „acre“ доаѓа од староанглискиот збор æcer (со првобитно значење на „отворено поле“, сродно на германскиот Acker, латинскиот ager и старогрчкиот agros).
Акрата била избрана како отрпилика земјата која еден човек можел да ја изора со еден вол за еден ден. Ова дава објаснение на една дефицинија - како правоаголна површина со страни со должина од еден ланец и еден фурлонг. Долгнавеста парцела се ора полесно отколку правоаголна бидејќи плугот немора да биде вртен толку често. Самиот збор „furlong“ доаѓа од фактот што тој е долг еден плуг.
Законските вредности на акрата ги имаат регулирано владетелите:
- Едвард I,
- Евард III,
- Хенри VIII,
- Џорџ IV и
- Викторија – „Законот за британски мерни единици“ („British Weights and Measures Act“) од 1878 год. го дефинира акрата како 4,840 квадратни јарди.
Историски, во Обединетото Кралство големината на нивите и поседите секогаш се изразувала во акри, дури и во случај нивниот број да е толкав што подобро би бил изразен во квадратни милји. На пример, се велело дека извсен земјопоседник држи 32,000 акри, а не 50 квадратни милји земја.
[уреди] Други акри
- Шкотска акра, еден од разните стари шкотски мерни единици
[уреди] Наводи
- ↑ National Bureau of Standards. Refinement of Values for the Yard and the Pound.
[уреди] Видете исто така
- Претворање на единици
- Акр-стапка
- Стари шпански и португалски мерни единици
[уреди] Надворешни врски
- Регулативи за мерните единици од 1995 год. (англиски)
- Cockeyed.com ви претставува „Колку има во една акра?“ (англиски)