Александар Турунџев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александар Турунџев е роден во 1871 година во село Горно Врбени, Леринско. Во почетокот на своето револуционерно делување бил активен во ајдутска чета, а подоцна станал член и на Револуционерната организација. Учествува во Илинденското востание. Кон крајот на 1904 година, доаѓа во селото Ајтос со својата чета. Предаден, фатен од турски војници и спроведен во битолскиот затвор. По една година затвор, на 29 август односно 11 септември 1905 година, нов стил, е обесен на битолскиот Ат-пазар.