Андре Ле Нотр
Од Википедија, слободна енциклопедија
Андре Ле Нотр (француски: André Le Nôtre) (12 март, 1613 - 15 септември 1700) бил пејзажен архитект и градинар на Луј XIV од 1645 до 1700 год. Негово најзначајно дело е паркот во Версај. Неговите урбанистички дела се исто така од значење, како оние кај Тујлерискиот дворец каде ја проширил глетката западно, место кое подоцна станува булеварот Елисејски Полиња[1] и ја сочинува т.н. Историска оска.
Ле Нотр проектитал и многу други градини и паркови, како оние кај Шантили, Фонтенблоскиот дворец, Рокониџи, Сен-Клуд, Сан-Жермен-ан-Лај и Св. Џемјсмовиот парк. Исто така соработувал и со Луј Ле Во и Шарл Ле Брун на паркот на Во-ле-Викомт. Татко му на Андре Ле Нотр, Жан Ле Нотр бил градинар на Луј XIII.
Содржина |
[уреди] Живот
[уреди] Станување градинар
АНдре Ле Нотр се родил во семејство градинари. Татко му и дедо му биле одговорни за Тујлериските градии. Неговиот кум бил управник на градини, а сопругот на неговата кума, Клод Моле бил прославен градинар. Во овие окружувања Андре набргу се здобил со теоретски и практични познавања од граднарството.
[уреди] Трудољубива младост
Андре го интересирале и другите уметности но подоцна му се вратил на градинарството како негова професија (градинар на кралот). Учел математика, сликарство и архитектура. Потоа станал дел од работилницата на Симон Вуае, сликар на кралот Луј XIII. Таму научил класична уметност и перспектива, и подоцна пријателот на Шарл Ле Брун, Франсоа Мансар, му дозволил да ја изучува архитектурата неколку години.
На 40-годишна возраст, тој решил да стане градинар, со сета сособност здобиена од претходните уметнички искуства.
[уреди] Деби како градинар
Андре ле Нотр дебитирал во градинарството со проектот на градините на дворецот Во-ле-Викомт, по иницијатива на Никола Фуке. Потоа работел ортачки со Луј Ле Во и Шарл Ле Брун. Ова дело го прославило низ светот.
По пензионирањето на Фуке во 1661, Ле Нотр бил ангажиран од Луј XIV за рехабилитација на градините на Версајскиот дворец. По ова, тој проектирал и извел бројни градини ширум Франција.
[уреди] Подоцнежни години
Ле Нотр бил дел од многу проекти во Франција и се користел со знаења од различни дисциплини. Во 1679, ја посетил Италија.
Починал на возраст од 87 години во септември 1700. Зад него оставил број формални градини, препознатливи по својата перспектива и геометриско совршенство, прочуени и ценети низ целиот свет.
[уреди] Значајни Ле Нотрови градини
- Градините на Версај
- Градините на Во-ле-Викомт
- Градините на Сан-Жермен-ан-Лајски дворец
- Градините на Сан-Клуд (дворецот повеќе го нема, но градините се на место)
- Тујлериски градини
- Скоски парк
- Градините на Фонтенблоскиот дворец
- Градините на Шантилискиот дворец
- Градините на Берсискиот дворец при Парантон-ле-Пон
- Градините на Шамбонаскиот дворец
[уреди] Авении
- Авенија Шато де Уатевил во Шаршиње
[уреди] Видете исто така
[уреди] Белешки
- ↑ Dominique Garrigues. Jardins et jardiniers de Versailles au Grand Siècle. Изд. Champ Vallon. ISBN 2876733374 стр. 282.
[уреди] Надворешни врски
- Андре Ле Нотр (англиски)