Аце Спасеновски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ацо Спасеноски , министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, е роден на 31 март 1969 во Кичево. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Скопје во 1994 година, на отстекот за сточарство. По дипломирањето до 1996 година поседувал сопствена млекарница. Работел во компании и на повеќе проекти како консултатнт за фармерство и земјоделие, а од 2002 година е директор на претпријатието Гаранти Фонд.
Спасеноски од 2001 година е претседател на НВО Центар за потикнување на развојот на мали и средни претпријатија. Во неговата биографија се наведува дека има изготвено над 280 бизнис планови, проекти, студии и спроведено семинари за потребите на Владата на РМ, меѓународни банки и за организации од сферата на земјоделството и воопшто од стопанството. Посетувал десетина обуки од странски и меѓународни експерти од областа на финансиска анализа на пазарот и работење на претпријатија Спасеноски е оженет и татко на три деца. Зборува албански и англиски јазик.