Бајрам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бајрам претставува два големи мухамедански празника во годината. Првиот Рамазан-бајрам, трае 3 дена еден по друг започнувајќи од првиот ден од месецот шевал, односно десеттиот месец според арапскиот календар.
Вториот празник, Курбан-бајрам, трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се колат овни и им се делат на сиромасите.