Берзити
Од Википедија, слободна енциклопедија
Берзити се словенско племе кое прв пат се споменува под името Верзети или Велегезети во Чудата на св. Димитрија, а во врска со една од опсадите на градот Солун. Во 799 год. словенскиот кнез Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против византиската царица Ирина. Акамир во тоа време бил независен словенски архон на областа Верзетиjа, а која се наоѓала во Тесалиjа. Присуство на словенски племиња во Тесалија е потврдено и со археолошки наоди од VII-IX век, каде се присустни и голем броj рани словенски топоними.