Благоја Фотев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Богоја (Благоја) Фотев (с. Герман, Леринско, 1900 година - 1993 година) е македонски политичар.
Во септември 1914 година со семејството се преселува во селото Бистрица, Битолско.
Во 1924 година заминува на печалба во САД, каде останува две години, работејќи во сојузните држави Мичиген, Илиноис, Охајо и Пенсилванија. Есента 1926 година се враќа во Македонија. На општинските избори во село Буково во 1933 поднесува своја кандидатска листа за избор на општински одбор, но власта го спречува во тоа.
Се зачленува во Комунистичката партија и е основач на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во 1940 година настанува провала во битолската организација, при што Фотев е уапсен и осуден на петгодишна затворска казна. По окупацијата на Југославија се наоѓа во затворот во Сремска Митровица, каде, заедно со другите затрореници, организира бегство. Потоа се враќа во Бистрица и се поврзува со антифашистичкото движење. Пристапува во партизанскиот Фрушкогорски одред. При обид да се пробие кон Македонија е фатен од бугарската полиција. Во јули 1942 е ослободен поради недостиг н докази. Во летото на 1943 е затворен повторно, интерниран во Бугарија и се враќа во Македонија кон крајот на 1943 година.
Пристапува на Првата македонско-косовска ударна бригада.
Во 1944 година зема учество на Првото заседание на АСНОМ. Избран е за прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НРМ. По оставката на Методија Андонов - Ченто, е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ и на таа функција е од 1947 до 1950 година. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото се колеба помеѓу советската и југословенската позиција. Соочен со таа дилема, Фотев посега по својот живот, но сепак не успева да се самоубие. Паѓа во немилост кај партиското раководство на чело со Лазар Колишевски и е сменет од функцијата и пензиониран.
На својот 90-ти роденден во 1990 година ја прифаќа партиската рехабилитација и станал член на СКМ-ПДП.