Васил Диамандиев
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Васил Диамандиев, просветен работник, публицист и револуционер. Роден е во Охрид во 1839. Основно образование добил во родниот град. Учителствува во Охридско (1855-1857). Потоа го продолжува студирањето во Русија. Во Московскиот и Киевскиот универзитет посетува студии по физика и математика.
Се враќа во Македонија и учителствува во Кукуш, Велес и Охрид. Паѓа во немилост на охридскиот владика, и преку интриги, со помош на турските власти, бидува затворен. Откако излегол од затвор, повторно оди во Русија. Работел како учител во Бесарабија, каде што истовремено редактирал и некои весници.
Основал комитет за потпомагање на балканските народи против отоманлиското ропство.
После Берлинскиот конгрес (1878) испраќа петиција до големите сили за решавање на македонското прашање.
Кога во 1880 г. во Грамен Текеш, Островско, Егејска Македонија, се одржало Mакедонскио национално собрание и се формирала Привремена Влада на Македонија (Единство), во Русе (Бугарија) се формирала Македонската лига, составена главно од Македонци кои учествувале во Руско-Турската војна (1877-1878). Лигата е едно од првите здруженија на Македонци во Бугарија. Васил Дијамандиев бил нејзин претседател во времето кога Лигата успраќа Меморандум до големите сили и Манифест до македонскиот народ со барање за автономија на Македонија со седиште во Солун и возобновување на Охридската архиепископија со седиште во Солун.
Од 1882 до 1884 г. во Софија го раководи Македонското благотворно друштво, а потоа работи во друштвото „Македонски глас“.
Во 1886 г. станува член на Македонскиот таен комитет. Организира испраќање на комитски чети од Бугарија во Македонија.
Својот бурен револуционерен, општествен и културно-просветен живот го завршува во 1912 година.