Веб страница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Веб-страница (анг. webpage или web page) е документ во кој се содржат информации погодни за прелистување со помош на веб прелистувач (анг. web browser). Овој документ најчесто е во HTML или XHTML формат и во себе содржи врски, хиперлинкови до други документи.
Веб страниците можат да бидат поставени локално на компјутерот од кој се врши нивно прелистување / прегледување или пак на некој веб-сервер до кој може да се пристапи преку компјутерска мрежа. Веб серверот може да го ограничи пристапот до веб страниците само на корисници во приватна мрежа, тогаш станува збор за корпоративен intranet, или може да допушти слободен пристап преку internet. Веб прелистувачот пристапува до веб страниците сместени на веб серверот користејќи се со таканаречениот хипертекст трансфер протокол (HTTP).
Веб страниците можат да бидат статични, статични веб страници, доколку се компонирани како статична текстуална податотека зачувана во податотечниот систем на веб серверот, или пак веб серверот да испорача до веб прелистувачот веб страница која е динамички генерирана, динамички веб страници, согласно со соодветниот програмски код кој се извршува откако ќе биде поставено барање за пристап до одреден извор на информации на веб серверот од страна на веб прелистувачот.
[уреди] Есктензии на податотеки
Вообичаено е статичките веб страници зачувани на веб серверот да имаат екстензија .htm или .html. додека пак динамичките веб страници имаат екстензии кои означуваат кој програмски јазик се користи за нивно генерирање или која технологија се користи за нивно генерирање, пример .php, .asp, .jsp, ... Во овој случај веб серверот мора да биде соодветно конфигуриран за да може да ги разбере / ги процесира, овие програмски јазици односно технологии, после што генерира чист HTML код кој го испорачува до веб прелистувачот.
[уреди] Боја, типографија, илустрација и интеракција
Веб страниците во себе содржат инстукции за бојата на текстот, бојата на позадината или пак врски до слики или други мултимедијално податотеки кои можат да бидат прикажани во веб преилистувачот.
Информациите за изгледот, типографијата и шемата на бои се дефинира преку таканаречените Cascading Style Sheet (CSS) инструкции, кои можат да бидат вгнездени во самиот HTML код или пак да бидат поместени во одделна податотека, до која се референцира во HTML документот. Вториот начин е посебно важен, бидејќи на овој начин може да се влијае на едноставен и релевантен начин на изгледот на сите или на група на веб страници кои се наоѓаат на њеб серверот. Веб прелистувачот само еднаш ќе ги вчита овие инструкции од веб серверот а подоцна ќе се користи со кешираната копија на овие инструции за сите страници кои подоцна ќе бидат прелистувани.
Сликите се чуваат во посебни податотеки на веб серверот.
[уреди] Мултимедија
Мултимедијални содржина исто така може да бидат вгнездени во веб страницата, како дел од самата страница или пак со врска до истите. Игри, анимации и друг компјутерски генериран материјал исто така може да бидат вгнездени во веб страницата користејќи се со технологии како што се Adobe Flash и Java аплети. Презентацијата на сето ова зависи од способноста на веб прелистувачот да го обработи овој материјал, како и од желбата на клиентот и неговата способност да ги овозможи (кога не се однапред овозможени) овиe својства на соствениот веб прелистувач / компјутер.
Напомена: Користењето на терминот „страна“ наместо „страница“ е погрешно и претставува србизам. Во македонскиот јазик „страна“ се однесува на „страна на светот“, „лева и десна страна“, „завојувани страни“ и слично.