Вилем ван Елст
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вилем ван Елст (холандски: Willem van Aelst) (ц. 1626-по 1683) бил холандски сликар кој специјализирал во сликање на мртва природа со цвеќе и дивеч.
Роден е околу 1626 во Делфт, Холандија во семејство на познати градски управители. Научил да слика од чичко му, сликарот на мртва природа Еверт ван Елст. На 9 ноември 1643 ван Елст станува раководител на Свети Лукиниот еснаф во Делфт.
Помеѓу 1645 и 1649 живеел во Франција. Во 1649 ван Елст заминува за Фиренца, каде работел како дворски сликар за велевојводата на Тоскана, Фердинанд II де Медичи. Во ова време, велевојводата исто така го вработил и двајца сонародници на ван Елст, Матијас Витоос и Ото Марсеј ван Шрик, од кои вториот исто така сликал мртва природа и веројатно извршил влијание врз стилот на ван Елст.
Во 1656 Ван Елст се враѓа во Холандија, најпрвин во Делфт, а во 1657 трајно се преселува во Амстердам. Таму станал еден од најважните сликари на мртва природа на својата генерација. Тој бил учител на сликарката Рашел Рујш и неколку други.