Гоце Ангеличин Жура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гоце Ангеличин Жура е историчар на уметност.
Роден е во 1951 година во Охрид. На Филозофскиот факултет во Скопје завршил Историја на уметност со археологија. Од 1980 год. работи во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид. Има објавено бројни научни прилози и расправии за уметноста од доцниот среден век. Работи како виш кустос за живопис и иконопис. Неговата специајлност е поствизантискиот период.