Грклан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гркланот (лат. larynx) е цевчест орган за дишење и создавање на гласот. Изграден е од ‘рскавични елементи, од кои најголема е штитовидната ‘рскавица - Адамово јаболко, парната лажичеста, прстенестата ‘рскавица, како и епиглотисот. Гркланот е постојано отворен, освен при голтање, кога се затвора со епиглотисот. Со тоа се спречува влегување на храна во душникот.
Слузокожата што го обложува гркланот формира парни набори - гласни жици. Гласот се генерира преку вибрациите на гласните жици кога воздухот струи низ нив. Артикулацијата на гласот се контролира преку движењето на јазикот, забите и усните.