Дилатација на времето
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дилатација на времето е последица од Лоренцовите трансформации според кои течењето на времето зависи од движењето на телата и не е апсолутно по својот карактер, т.е. временскиот интервал меѓу два настана ќе зависи од референтниот систем во кој што се мери. Стрелките на часовникот што се наоѓа во систем кој се движи одат поспоро (тоа време се нарекува сопствено време) отколку стрелките на часовникот што се наоѓа во систем кој мирува. Колку побрзо се движи објектот, толку побавно тече неговото сопствено време во споредба со времето измерено од неподвижниот набљудувач. Во подвижниот систем се забавуваат сите физички, хемиски и биолошки процеси.