Дифузија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дифузија (латински: duo-два и fussia-спојување) претставува процес на движење на молекули и јони од област со повисока концентрација кон област со пониска концентрација се додека не се изедначат концентрациите од двете области (средини). Најчесто се среќаваме со дифузија на два раствори, иако има и дифузија меѓу гасови. При дифузијата меѓу раствори, дифундираат и молекулите и јоните на растворената материја и оние на растворувачот.
- Во биологијата, процеси кои се одвиваат со дифузија се: транспортот на O2 и CO2 меѓу алвеолите и капиларите (во системот за дишење), транспортот на истите материи меѓу клетката и капиларите и др. Ако дифузијата на честичките се врши низ клеточната мембрана, тогаш станува збор за осмоза.