Драговитија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Драговитија била склавинија (кнежевство) на територијата на егејска Македонија, денеска Р. Грција, основано од македонското словенско племе Драговити, во која живеело и античкото македонско население, кое се асимилирало во Драговити. Античките Македонци кои живееле во Драговитското кнежевство тнр. Драговитска Склавинија биле исто така познати како Драговити и нарекувани со тоа име. Овие два едноса, Драговити и антички Македонци во раното средновековие се фузирале во нов македонски етнос и денес, тие се дел од мозаикот на современата македонска нација.
Според новите историски и лингвистички сознанија, се смета дека Драговитите биле дел од народот на античките Македонци.
На чело на Драговитија стоел Кнез, како политички челник, а воедно кнежеството имало и свој духовен лидер- драговитски епископ.