Дреново
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дреново е село во Општина Кавадарци. Селото Дреново се наоѓа на 12 километри оддалеченост од Кавадарци, со обезбеден асфалтен пат и вкупна популација од околу 1000 жители..
Селото Дреново лежи на ниската тераса на Тиквешкото Езеро, под северната падината на Вров, над вливот на реката црна во Раец. Селото е од збиен тип, а во минатото било населено со христијанско и муслиманско население. Се дели на седум маала. На сред село се наоѓале училиште, џамија, чешма, општинска зграда и дуќани. Населението се занимавало со земјоделство и сточарство. Поради Црна река околните ниви се доста плодни. Кон Вров на северената страна од Селото се наоѓаат пасишта и шуми.
Денес, селото го има зафатено миграција и голем број на семејства се доселени во Кавадарци. Сепак за време на летните месеци и викендите се враќаат во селото и го обработуваат своето земјиште. Жителите на Дреново располагаат со поголем број на крупна и ситна стока (коњи 51, говеда 8, овци 799, свињи 57живина 700) и претежно се занимаваат со земјодеслтво и сточарство.
Водоснабдувањето во селото е решено со иградбата на новиот бунар и потисен цевовод со капцитет од 5 л/сек.
Пред изградбата на овој инфраструктурен објект, селото се снабдуваше со вода од каптираните извори во „Мотичани“ и „Црквата“ со капацитет од 0,8 м/сек и резервоари 2 ч. 65 м3 па се чувствуваше голем недостиг на вода и проблем со водоснабдувањето. Денес проблемот со водоснабдувањето е решен, а во тек е решавање на проблемот со канализацијата, кој е проект на Локалната самоуправа со подршка на USAID.
Во селото има осумгодишно основно училиште Во ова училиште се опфатени и децата од околните села во кои има основни училишта каде децата посетуваат настава само до 4-то одделение.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Дреново |
Општина: | Општина Кавадарци |
Население: | - |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |