Еаршир (раса говеда)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Еаршир е назив за раса на говеда со потекло од покраината Еар (односно Еаршир), во Шкотска. Просечната Еаршир крава тежи од 500 до 650 килограми. Бојата на телото може да се движи од бела, до црвена и кафеава. Тие се познати по својата цврстина и млечност. Расата исто така ги поседува посакуваните особини на лесно размножување и долговечност.