Еврејско маало
Од Википедија, слободна енциклопедија
Еврејското маало сѐ до крајот на XIX век, било едно од најсиромашните и најконзервативните квартови на Скопје до кое не допреле речиси никакви промени. Во почетокот на XX век, со збогатувањето на неговите жители на овој простор започнале да никнуваат поголеми и поубави куќи со европски архитектонски елементи на градба и стилови, кои почнале да го менуваат неговиот изглед, особено по должината на реката Вардар. Таков е примерот со Народниот театар, чија изградба траела од 1921-1927 година, како и зградата на скопската општина, урната во земјотресот од 1963 година.
Маалото го губи еврејскиот идентитет со депортирањето на неговите жители во концентрациониот логор Треблинка во март 1943 година. По земјотресот ова маало е урнато и на негово место се направени улици и меѓуградската автобуска станица на чие место денеска се гради музеј посветен на холокаустот.