Екосистем
Од Википедија, слободна енциклопедија
Екосистемот претставува целина од биотопот и биоценозата, во кој тие се нераскинливо поврзани. Екосистемот е еден бескрајно сложен, динамичен систем на заемно поврзани делови кои дејствуваат еден врз друг, директно или индиректно. Поради овој факт, екосистемот е во постојана промена. Тој претставува врвна синтеза во екологијата, т.е. тој ја означува историски создадената интеграција на живата и неживата природа, што се развила од нивните заемни односи. Во екосистемот се среќаваат три типа на односи меѓу неговите делови, и тоа: акција, реакција и коакција.