Ерланген
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ерланген е германски град во Средна Франконија, Баварија. Се наоѓа на устието на Untere Schwabach во Регниц. Ерланген има повеќе од 100,000 жители.
Ерланген е познат по неговиот универзитет и повеќето подрачни канцеларии на Сименс, како и по големиот институт на Фраунхоферовото Друштво. Настан кој сеуште влијае на градот е населувањето на Хугенотите по нивното повлекување од нантскиот едикт во 1685 година.