Естерификација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Естерификацијата е општо име за хемиска реакција во која две хемиски соединенија (обично алкохол и киселина) образуваат естер како реакционен продукт. Естерите се користат како мирисни или арома агенти. Естерификацијата е повратна реакција.
Примери на естерификациски реакции се:
- Фишерова естерификација. На пример, естерификацијата на оцетна киселина при вишок на етанол во присуство на сулфурна киселина (како катализатор) резултира во естер (етил ацетат):
H3C-COOH + HO-CH2-CH3 → H3C-COO-CH2-CH3 + H2O (во присуство на концентрирана сулфурна киселина)
- Реакцијата на алкален карбоксилат и алкохол. На пример, реакцијата помеѓу натриум ацетат и етанол:
H3C-COO- Na+ + HO-CH2-CH3 + H+ → H3C-COO-CH2-CH3 + H2O + Na+
- Реакцијата на сребрен карбоксилат со алкилхалогенид (веројатно се одвива поради нерастворливоста на сребро халидот):
H3C-CO2-Ag+ + Cl-CH2-CH3 → H3C-COO-CH2-CH3 + AgCl
- Реакцијата на халогенид на карбоксилна киселина (нарекуван и ацил халид) со алкохол/фенол:
H3C-COCl + HO-CH2-CH3 → H3C-COO-CH2-CH3 + H-Cl
- Реакцијата на анхидрид на карбоксилна киселина со алкохол (овој метод се користи за добивање на аспирин):
H3C-CO-O-CO-CH3 + HO-CH2-CH3 → H3C-COO-CH2-CH3 + H3C-COOH
[уреди] Видете исто така
- Трансестерификација, реакција при која еден естер се преобразува во друг.
- Хидролиза, раскинувањето на естер со помош на вода при што се образува карбоксилна киселина и алкохол.
- Ацетилација
- Ацилација.